Безос ја продаде својата вила во Вашингтон, соборувајќи го рекордот за најскапа недвижност

Џеф Безос, сопственик на Blue Origin и основач на Amazon, стана побогат за 63 милиони долари. Имено, тој ја продаде својата луксузна вила во Хантс Поинт, Вашингтон, со која сруши државен рекорд.
Фото: rawpixel.com / U.S. Air Force

Замокот на Безос стана најскапиот станбен имот во историјата на државата Вашингтон. Како што пишува Washingtonian, рекордот претходно го држеше вила во медитерантски стил, во која живееја повеќе од 12 шведски амбасадори.

Безос ја купи гореспоменатата вила во 2019 година по разводот со новинарката Мекензи Скот. За тоа платил 37,5 милиони долари, што значи дека од продажбата остварил профит од над 25 милиони долари. Вилата се простира на повеќе од 3 хектари и има три спални соби, четири бањи, лифт, тераса на покривот и стаклен мост што ја поврзува со гостинската куќа.

Фото: Michael Walmsley

Пред неколку дена, вереницата на Безос, Лорен Санчез беше дел од женскиот екипаж на капсулата New Shepard со која отпатува до вселената.

Безос беше првиот на местото на слетување на капсулата. Прва излегла неговата свршеница, која ја пречекал со раширени раце, ја прегрнал и бакнал. Тој им посака добредојде на сите други патници и им се заблагодари, велејќи: „Горд сум на вас“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни