Италијански бездомник минатиот месец на лотарија освоил 37.000 евра, но не можел да го искешира ливчето бидејќи имал застарени документи.
На крај на помош му дошле властите кои му овозможиле да ги добие парите, објавија италијанските медиуми.
Џанлуиџи, попознат по прекарот Касано, на почетокот не можел да го искешира ливчето бидејќи немал здравствена книшка, а даночниот број му бил истечен.
Како што објави италијанскиот весник Corriere Adriatico, по еден месец бирократски компликации, официјалните лица соопштија дека тој може да ги повлече парите.
„За да наплатите добивка ви треба здравствена книшка, а јас немам. Имам само стар даночен број кој е неважечки“, изјави Џанлуиџи, додавајќи дека сам ќе располага со освоените пари и дека сепак сака да остане „невидлив“.
На 24 октомври, Касано доби премија на лото 4+1, плаќајќи 1,5 евра за тикетот.
Џанлуиџи е по потекло од Апулија. Оние кои го познаваат во неговиот роден град Сенигалија, летувалиште во провинцијата Марке, му го дадоа прекарот „Касано“ по поранешниот напаѓач на Рома и Италија, Антонио Касано, кој е роден во градот Бари.
Приказната за него се најде на насловните страници на италијанските весници и портали.
Извор: dnevnik.hr