,,Безбедност пред сѐ – апел на ЦИВИЛ

Во пресрет на новогодишните празници, организацијата ЦИВИЛ повикува на свесност и совесност кај граѓанките и граѓаните. Оттаму додаваат дека петардите и славеничкото пукање се опасни по здравјето и животот.

Децата се најчести жртви на повреди, трауми и несакани трагедии од употребата на распрскувачки материјали и несовесна употреба на оружје. Кога несовесни лица го злоупотребуваат оружјето за славеничко пукање, одговорните родители треба да им укажат три едноставни безбедносни правила на своите деца:

  • Да се оддалечат од местото на славеничко пукање
  • Да не допираат оружје или експлозиви и
  • Да пријават незаконска употреба на оружјето.

Но, и да им објаснат дека тие правила важат и за возрасните. Дури и најголемите професионалци со дозвола за употреба на оружје и распрскувачки материјали, некогаш може да погрешат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни