Во пресрет на новогодишните празници, организацијата ЦИВИЛ повикува на свесност и совесност кај граѓанките и граѓаните. Оттаму додаваат дека петардите и славеничкото пукање се опасни по здравјето и животот.
Децата се најчести жртви на повреди, трауми и несакани трагедии од употребата на распрскувачки материјали и несовесна употреба на оружје. Кога несовесни лица го злоупотребуваат оружјето за славеничко пукање, одговорните родители треба да им укажат три едноставни безбедносни правила на своите деца:
- Да се оддалечат од местото на славеничко пукање
- Да не допираат оружје или експлозиви и
- Да пријават незаконска употреба на оружјето.
Но, и да им објаснат дека тие правила важат и за возрасните. Дури и најголемите професионалци со дозвола за употреба на оружје и распрскувачки материјали, некогаш може да погрешат.