Безбедноста на француските музеи под лупа по грабежот во Лувр вреден 88 милиони евра

По големиот грабеж во Лувр, каде беа украдени скапоцени кралски накит и предизвикана финансиска штета од 88 милиони евра, безбедноста на француските музеи е под строга контрола. Специјализирана полиција ја води истрагата, а властите ветуваат засилени мерки.

Грабежот во Лувр, кој веќе доби своја дефиниција на „Википедија“ и потсетува на сценарио од филм, предизвика финансиска штета проценета на 88 милиони евра (102 милиони долари). Крадците успеале да украдат осум парчиња непроценливо вреден кралски накит од музејската галерија „Аполо“, но при бегството го изгубиле круната на царицата Евгенија, која е пронајдена оштетена, но спасена.

Музејот е повторно отворен за посетители, а париската обвинителка Лор Беку изјави дека иако проценетата штета е голема, кражбата нема да им донесе толку финансиски добивки ако решат да го стопат украдениот накит.

Истражната единица BRB, специјализирана за високопрофилни грабежи, е задолжена за случајот. Оваа единица, составена од околу сто лица, истражувала и други познати кражби, како на пример онаа на реалити ѕвездата Ким Кардашијан во Париз 2016 година. Очекува се да се вклучи и Централната канцеларија за борба против трговијата со културни добра.

Иако кражбата била добро испланирана, полицијата веќе располага со траги како ДНК на жут безбедносен прслук, делови од украдениот накит, мотори и регистрациски таблици. Исто така, пронајдена е опрема користена за пристап до првиот кат на галеријата.

Владата нема да биде обештетена за украдените уметнички дела, бидејќи државните колекции, како Лувр, делуваат како свои осигурители. За разлика од нив, приватните музеи во Париз имаат приватно осигурување.

Грабежот е последен од серијата кражби во француските музеи во последните два месеци, вклучувајќи и случај на кинеска државјанка уапсена за кражба на злато вредно над еден милион долари од Природонаучниот музеј.

По овие инциденти, безбедноста на музеите е ставена под големо внимание. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез најави заострување на мерките за заштита пред културните институции.

Извештајот на Францускиот ревизорски суд посочува на задоцнети напори во подобрување на безбедносниот систем во Лувр, каде само една четвртина од едното крило е покриено со видео надзор. Директорката на Лувр предупреди за „застарениот“ систем и потреба од итни реновирања.

Синдикатите исто така укажуваат на намален број на чувари, додека бројот на посетители значително расте.

Управата на музејот одговори дека стаклените витрини се нови од 2019 година и претставуваат големо подобрување во безбедноста, а ги демантираа и шпекулациите за ангажирање на приватна израелска обавештајна компанија.

Министерката за култура, Рајшида Дати, ја бранеше безбедноста на музејот и потврди дека системите за надзор функционирале, најавувајќи дополнителни инвестиции во безбедносната опрема.

Експертите предупредуваат дека современите кражби се повеќе насочени кон украдување на накит и други предмети што можат лесно да се демонтираат или стопат, наместо кон слики и уметнички дела кои често се појавуваат повторно по многу години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни