Околу 95% од крајбрежните води во Грција и Кипар се безбедни за капење, открива новиот извештај на Според Европската агенција за животна средина (EEA) и Европската комисија:
Од Атлантикот до Средоземното Море, Европјаните можат да се капат безбедно во најголемиот дел од водите на континентот, според најновата проценка за водите за капење во ЕУ, објавена во петокот.
Што покажува извештајот?
Повеќе од 85% од испитаните локации ги исполнуваат најстрогите стандарди на ЕУ за „одличен“ квалитет на вода за капење. 96% од сите официјално признати води за капење ги исполнуваат минималните критериуми за квалитет. Само 1,5% од водите за капење во ЕУ се категоризирани како лош квалитет.
Каде се најчистите води?
Според Европската агенција за животна средина (EEA) и Европската комисија, најдобро рангирани држави во 2024 година (со 95%+ одлични води) се: Грција, Кипар, Бугарија, Австрија и Хрватска.
Извештајот опфаќа над 22.000 локации за капење во сите 27 земји-членки на ЕУ, плус Албанија и Швајцарија.
Морето е побезбедно од реките
89% од крајбрежните (морски) води се со одличен квалитет. 78% од внатрешните (речни и езерски) води достигнуваат одличен квалитет
Зошто квалитетот се подобрува?
Квалитетот на водите за капење значително се подобрил во изминатите децении, благодарение на: намалување на органски загадувачи и патогени од непречистена отпадна вода. Построги регулативи според Директивата за води за капење (BWD),а тука се и инвестициите во пречистителни станици и мрежи за отпадна вода
Што се мери?
Според Директивата BWD, мониторингот се фокусира на: E. coli и ентерококи – бактерии кои сигнализираат фекално загадување и ризик од зарази, цијанобактериски цутови (сини алги) – не се мерени според БДВ, но водат до препораки за избегнување капење.
Иако не се директно опфатени, штетни хемикалии и понатаму се присутни во многу води. Тие се следат според Рамковната директива за води (WFD), но загадувањето на површинските и подземните води останува сериозен еколошки предизвик.
🔗 Повеќе информации и интерактивна мапа на eea.europa.eu
Ако планирате летен одмор во Европа, можете да бидете релативно сигурни – речиси сите крајбрежни води во ЕУ се безбедни за капење. Сепак, се препорачува да се следат локалните здравствени препораки и ажурирани податоци, особено при капење во реки или езера.