„Безбеден град“ стартува во Охрид пред летото

Ќе се постават 40 сообраќајни камери за поголема безбедност и дисциплина

Во Охрид и Струга ќе бидат поставени вкупно 40 сообраќајни камери како дел од системот „Безбеден град“ (Safe City), кој има за цел детекција на прекршоци и подобрување на сообраќајната безбедност. Според најавите, системот треба да започне со работа пред почетокот на летната туристичка сезона.

Во моментов, четири камери веќе се монтирани на автопатот Охрид–Кичево, на делниците кај селата Горенци и Требеништа, како и Ботун и Ново Село. Иако уредите се физички поставени, тие сè уште не санкционираат, бидејќи се наоѓаат во фаза на техничко тестирање.

Од СВР Охрид информираат дека воведувањето на системот ќе придонесе за намалување на сообраќајните прекршоци и незгоди, како и за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, особено во периодот на зголемен туристички метеж.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни