Безалкохолното пиво зема сè поголем замав, се продава и на Октоберфест

Безалкохолното пиво станува сè попопуларно во последниве години, додека истовремено се намалува потрошувачката на пиво.

Тобијас Золо, главен производител на пиво на Вајхенстефан, најстарата пиварница во светот, открива дека тој обожува безалкохолно пиво, пишува АП.

Тој вели дека ужива во безалкохолно пиво кога работи или на пауза за ручек. Според него, има ист вкус, но помалку калории од безалкохолните газирани пијалаци благодарение на процесот на испарување на алкохолот.

„Не можете да пиете пиво секој ден, за жал“, истакна тој.

Во Вајхенстефан, основани од бенедиктински монаси во 1040 година, безалкохолното пиво сега учествува со 10 отсто од производството.

Дури и на Октоберфест, веројатно најпознатата ода на алкохолот во светот, пивото без алкохол е на менито и доста популарно и покрај цената. Безалкохолното пиво на Октоберфест се продава по иста цена како и алкохолното – помеѓу 13,60 и 15,30 евра за литар.

Оваа година за прв пат во Минхен беше отворена и пивница во која се служи исклучиво безалкохолно пиво.

„Ди Нул“, што значи „нула“ на германски, летово служи безалкохолно пиво, коктели и други безалкохолни пијалаци во близина на главната железничка станица во градот.

Волтер Коениг, извршен директор на Друштвото за истражување на хмељ, рече дека истражувачите морале да одгледуваат специјални сорти на хмељ за пиво без алкохол за да не се изгуби автентичната арома.

Според него, клиентите не се грижат за тоа.

„Тие само сакаат да знаат дека она што го пијат е исто толку добро како и традиционалното пиво со алкохол“, рече тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни