Без вода утре од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од село Трубарево и од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради промена на воздушен вентил и затварач од ф 80мм на ул: 30, бр: 20 во село Трубарево, без вода ќе останат корисниците од село Трубарево.
Без вода утре поради реконструкција на водоводна мрежа од 5/4 на ул:„Гемиџиска“ бр: 33 ќе останат и корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со работните активности.