Поради изведување водоводни интервенции, денеска без вода ќе останат делови од Скопје, како општините Кисела Вода, Карпош, Бутел и Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Во општина Кисела Вода, поради изведување водоводен приклучок на улица „Борис Трајковски“ 212, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од дел од истата улица, на локацијата викана Каменик. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Во Карпош, поради изведување водоводен приклучок ф-150 мм на улица „Варшавска“ 4, без вода ќе останат дел од корисниците на „Варшавска“ и дел од булеварот „8 Септември“. Прекинот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.
Во Бутел, поради поставување водоводен приклучок ф-100 мм на улица „Боца Иванова“ бб (за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат делови од улиците „Боца Иванова“, „Томе Пуре“, „Душко Поповиќ“, „Александар Бујнов“, „Бетовенова“ и дел од „Петар Манџуков“. Прекинот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до завршување на активностите.
Во општина Центар, поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм на улица „20 Октомври“ 44, без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршување на планираните интервенции.