Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска привремено ќе биде прекинато снабдувањето со електрична енергија кај дел од корисниците во Скопје.
Во општина Карпош, од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Алжирска“. Во општина Сопиште, пак, во населбата Долно Соње, од 9 до 12 часот прекин на електричната енергија ќе има на улица број 8, како и на дел од улица број 12.
Станува збор за однапред најавени исклучувања поради технички интервенции на мрежата, а не за хаварија.