Дел од општините Центар, Бутел и Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени зафати во електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Без струја од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата „Христо Смирненски“, од број 19 до крајот на улицата кон булеварот „Партизански Одреди“, во општина Центар.
Во истиот временски период прекин ќе има и за индустриските објекти на булеварот „Босна и Херцеговина“ во општина Бутел, вклучително и Фурна „Диме“, поранешните магацини „Центро“ и поранешната фабрика ИГМ.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во општина Карпош, каде дел од улицата „Козле“ ќе биде без струја во периодот од 08:40 до 09:40 часот.
Од надлежните се наведува дека прекините се поради технички зафати од страна на ЕВН Македонија. Се очекува снабдувањето да биде нормализирано по завршување на работите.