Дел од Скопје денеска ќе остане без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.
Според информациите, од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата 1506 во Скупи, како и дел од улицата Никола Карев 9 кај реката Лепенец и кај објектот „Стоп енд го“ во општина Карпош.
Од 09:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и за дел од корисниците на улица 31 во Волково, во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 11:00 до 13:00 часот, без струја ќе останат и дел од корисниците на улицата Ефтим Спространов во општина Кисела Вода.
Од ЕВН појаснуваат дека прекините се поради технички интервенции во мрежата.