Без струја денеска делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош

ЕВН најави повеќечасовни прекини поради зафати во мрежата, а исклучувањата ќе погодат неколку улици во три скопски општини.

Делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти ЕВН Македонија. Прекините се предвидени во различни временски интервали во текот на денот.

Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од населбата Пинтија и дел од улицата Саса во општина Кисела Вода.

Од 08:00 до 15:00 часот прекин на струја ќе имаат дел од корисниците на улицата Востаничка, од број 44 до 49, исто така во општина Кисела Вода.

Во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата 101 во Волково.

На улицата Девол во Карпош исклучувањето ќе трае до 14:30

Во општина Карпош, од 11:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата Девол.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни