Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес дел од корисниците во Скопје ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната мрежа.
Според најавата, во периодот од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница во општина Петровец.
Прекин на електричната енергија од 08:30 до 15:00 часот ќе имаат и жителите на улиците Ордан Чопела, Петре Георгиев и Челопек во општина Чаир, додека од 09:00 до 13:00 часот без напојување ќе останат корисниците на улицата Вера Вучковска Жезељ во населбата Хиподром (општина Гази Баба).
Од компанијата апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените прекини.