Сите знаеме дека седум до девет часа сон е доволно за да се чувствуваме одморени, да закрепнеме и да му дозволиме на нашиот дигестивен систем да си ја заврши работата. Но, некои тврдат дека помалку часа сон се сосема доволни за правилно функционирање на организмот.
Едно неодамнешно истражување открило дека пет часа сон се сосема доволни – сè помалку од тоа ве става во ризик од здравствени проблеми. Студијата објавена во списанието PLOS Medicine го следела здравјето и спиењето на околу 8.000 британски државни службеници. Така, научниците повеќе од 25 години ги мереле нивните часови на спиење и проверувале дали страдаат од хронични болести како што се дијабетес, рак и срцеви заболувања.
Истражувачите откриле дека оние кои спиеле пет часа или помалку имале 30% поголеми шанси да имаат хронични здравствени проблеми до 50-тата година од животот, во споредба со оние кои спиеле седум часа.
Освен тоа, несоницата е, исто така, проблем кој е во пораст – 36% од возрасните во Обединетото Кралство изјавиле дека веќе имаат тешкотии да заспијат барем еднаш неделно, а оваа бројка се зголемува и на глобално ниво благодарение на зголемените притисоци, како што е кризата со трошоците за живот и финансискиот стрес.
Премногу и премалку сон и претходно се поврзуваа со проблеми со менталното здравје и „послаби когнитивни перформанси“, а друго истражување покажало дека конзистентноста е поважна од времетраењето на спиењето. Според оваа најнова студија, пак, јасно дека минимумот кон кој треба да се стремиме секоја вечер е пет часа.
Извор: citymagazine.danas.rs