За негов избор гласаа сите присутни советници – 45 од вкупно 78. Советниците од опозицијата не беа во салата.
Жарко Миќин, советник од листата „Александар Вучиќ Нови Сад утре“ беше предложен за градоначалник од владејачката коалиција, предводена од Српската напредна партија (СНС).
Претставниците на новосадската опозиција ги повикаа граѓаните да протестираат, како што наведоа, да го изразат „незадоволството од обидот на СНС да избере нов градоначалник против волјата на мнозинството граѓани“ и да покажат дека „не можат да прифатат дека никој не одговарал за смртта на 15 лица“ во уривањето на кровот на железничката станица на 1 ноември минатата година.
Пред и за време на седницата на која беше избран новиот градоначалник, дојде до тепачка меѓу полицијата и насобраните граѓани пред собранието на Нови Сад.
Како што јави репортерот на Радио Слободна Европа (РСЕ), по неколкуминутно туркање, полицијата ги турнала граѓаните надвор од преминот што води кон Градското собрание.
Насобраните на протестот фрлаа кон полицијата и зградата на Собранието со јајца, црвена боја, јогурт, брашно и тоалетна хартија.
За време на протестот се слушаа извици „Србија, Србија“ и „Уапсете ги крадците“, а граѓаните се приближија до полицијата и им порачаа „Кого штитите“ и „Спуштете ги штитовите“.
Насобраните граѓани пред градското собрание на Нови Сад во 11.52 часот одржаа 15-минутно молчење во чест на загинатите во Нови Сад. Тие уште еднаш побараа од полицијата да ги спушти штитовите и „да покаже почит“ кон жртвите од уривањето на настрешницата.
Обединетата новосадска опозиција соопшти дека не го признава изборот на градоначалник.
Тврдат дека полицијата не им дозволила на советниците од опозицијата да влезат во зградата на Собранието.
Новосадската опозиција, која ја сочинуваат сите опозициски советнички групи, смета дека е невиден скандал што советниците за кои гласале 65.000 граѓани не добиле дозвола да влезат во салата и да учествуваат во расправата за избор на градоначалник на Нови Сад, ниту во гласањето, се вели во соопштението.
Како што велат, полицискиот кордон не им дозволил да влезат во салата иако ги држеле советничките карти.
„Таканаречениот градоначалник на Нови Сад, Жарко Миќин, ќе остане запаметен во историјата како единствен кој е избран за градоначалник со помош на полицијата и против мнозинската волја на граѓаните“, се вели во соопштението.
МВР соопшти дека петмина полицајци се повредени во обидите на група насобрани граѓани да го пробијат полицискиот кордон и на кои им е укажана лекарска помош.
Слободан Орловиќ, професор на Правниот факултет во Нови Сад, за Нова вели дека денеска е забележано кршење на Уставот и законот.
„Недозволувањето на советниците да учествуваат во работата на градскиот совет е очигледно незаконско, а повредено е и уставното право на граѓаните на локална самоуправа“, вели Орловиќ, додавајќи дека и полицијата ги пречекорувала своите овластувања.
„Седницата на градскиот совет не се одржува во зградата на полициската управа, па полицијата одредува кој може да присуствува на седницата. Со овој чин полицијата ги пречекорила своите овластувања и го прекршила законот, како и службеникот кој наредил ваква полициска акција. Во исто време, оваа седница на градскиот совет и изборот на градоначалник го загубија легитимитетот“.
Novi Sad je besan i ljut! pic.twitter.com/Q9oIGalJ4e
— Vladimir🥋 (@samuraj016) February 24, 2025
Опозициските партии соопштија дека на протестите се уапсени нивни членови и советници.
Опозициската Партија на слободата и правдата денеска на 24 февруари, објави дека бара итно ослободување на сите „уапсени опозиционери и отфрлање на сите обвиненија како неосновани“, наведувајќи дека тој ден, меѓу другите, бил уапсен и Владимир Вршајков, член на советот на партијата во градското собрание на Нови Сад.
„Режимот на СНС (Српската напредна партија) повторно ги апси политичките противници“, објави веб-страницата на партијата.
Народното движење на Србија (НПС) побара и ослободување на покраинскиот пратеник на партијата, Предраг Драгојевиќ, кој беше приведен во Нови Сад, тврдат тие, под обвинение за напад на службено лице, пренесува агенцијата Бета.
Тој е приведен по денешниот протест пред градското собрание на Нови Сад кога опозициските советници беа физички спречени да влезат во зградата и да присуствуваат на седницата на која беше избран новиот градоначалник на Нови Сад“, се вели во партиското соопштение.
Опозициското граѓанско движење Браво од Нови Сад на социјалната мрежа Инстаграм објави дека е приведен и нивниот член Брајан Брковиќ.
Миран Погачар, член на градскиот совет од движењето Браво, во видео обраќање изјави дека му било наредено да биде задржан 24 часа во полициската станица бидејќи „фрлил јајце кон полицискиот кордон“.
Партијата за слобода и правда во соопштението наведе дека тој ден во Нови Сад биле приведени пет опозициски личности од различни политички партии и движења, меѓу кои и Горан Јешиќ, поранешен функционер на Демократската партија и на Владата на Војводина.
Новиот градоначалник на Нови Сад беше избран на седница на 24 февруари, додека дел од граѓаните и опозицијата протестираа пред зградата на Собранието.
Насобраните на тој протест фрлаа јајца, црвена боја, јогурт, брашно и тоалетна хартија кон полицијата и зградата на Собранието.
И Обединетата новосадска опозиција соопшти дека не го признава изборот на градоначалник. Советниците од опозицијата не беа во салата за време на изборите за градоначалник.
Српското Министерстви за внатрешни работи објави дека имало апсења поради нереди пред собранието во Нови Сад, односно преку соопштение ја информираше јавноста дека има уапсени и приведени протестанти. Од полицијата велат и дека при собирот пред Градското собрание биле повредени петмина полицајци, од кои едниот имал скршеница на дланката.