Речиси 8 милиони граѓани низ САД излегоа на улиците во рамки на протестите „No Kings“ („Без кралеви“), насочени против претседателот Доналд Трамп и неговата политика.
Според организаторите, протестите се одржале на повеќе од 3.300 локации во сите 50 држави, што ги прави едни од најмасовните демонстрации во последниот период. Американските власти засега не излегоа со официјални бројки за учесниците.
Движењето „No Kings“ наведува дека ова е значително поголем одѕив во споредба со протестите од октомври, со околу еден милион повеќе учесници и стотици дополнителни настани, што укажува на растечко незадоволство кај дел од јавноста.