„Без филтер“ е емотивна и искрена монодрама што го поставува прашањето: Дали сè уште знаеме кои сме кога ги тргнуваме сите маски? Настанот ќе се одржи на 14 јуни во „Македонска филхармонија“.
Монодрамата ја изведува Маријана Ракочевиќ Змајчек и ги истражува темите за вистината, компромисите, очекувањата и цената што ја плаќаме обидувајќи се да живееме живот без грешка. Ова е уникатна можност за публика да се соочи со искрените приказни и личните драми што ја обликуваат современата човечка психа.
Билетите се достапни преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, како и на локациите Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.