Трилатералните разговори меѓу Русија, САД и Украина завршија ненадејно денес во Женева, без официјално образложение за прекинот. Средбата траела два дена, а денешната рунда завршила околу 10:45 часот по централноевропско време.
Разговорите се одржувале зад затворени врати, под засилени безбедносни мерки во хотелот „President Wilson“. Руската делегација ја предводел Владимир Медински, кој изјави дека преговорите биле „тешки, но деловни“ и најави нивно продолжување „во блиска иднина“.
Во составот на руската делегација биле и Михаил Галузин, заменик-министер за надворешни работи, како и Игор Костјуков, началник на Генералштабот на руските вооружени сили.
Американската делегација ја сочинувале Стив Виткоф, специјален претставник на претседателот Доналд Трамп, како и Џаред Кушнер.
Украинската делегација ја предводел Кирил Буданов, а по трилатералните разговори Рустем Умеров одржал посебна средба со претставници на САД и европските партнери – Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Швајцарија.
Умеров нагласи дека постои „заедничка одговорност за резултатот“ и дека координацијата меѓу Украина, САД и Европа продолжува. И покрај ненадејниот прекин, дипломатските извори посочуваат дека разговорите не се прекинати трајно, туку ќе продолжат во наредниот период.