Best of Ивана Наскова: стендап вечер во Public Room на 15 јануари

Најдобрите стендап приказни на Ивана Наскова во едно шоу, со препознатлив хумор и директна комуникација со публиката.

Во Public Room на 15 јануари ќе се одржи стендап комеди шоуто „Best of Ивана Наскова“, вечер посветена на најпопуларните и најбараните шеги од нејзиниот досегашен репертоар.

Публиката ќе има можност да слушне приказни инспирирани од секојдневни ситуации, лични искуства и апсурди што звучат неверојатно, но се препознатливи за многумина. Настапот ветува опуштена атмосфера, директен хумор и интеракција со публиката.

Билетите се достапни преку zlatenzab.mk, по цена од 400 денари во претпродажба и 500 денари на денот на настапот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни