Бесплатна поддршка за млади: „Простор за поддршка“ нуди бесплатни групни работилници за справување со загубата

По трагичниот настан во Кочани, многу млади се чувствуваат изгубено и се исполнети со тага, страв и лутина. Со цел да се обезбеди поддршка и простор за справување со емоциите, започнува иницијативата „Простор за поддршка“, која нуди бесплатни групни работилници за млади луѓе на возраст од 14 до 25 години.

Од 10 мај, секоја сабота, психолози и психотерапевти ќе водат групни разговори и работилници во Кочани, каде младите ќе имаат можност да се изразат, да најдат поддршка и да научат како да се справат со тешките емоции што ги носи загубата. Работилниците ќе понудат простор за разговор, стабилизација и емоционално процесирање, и се насочени кон оние кои се чувствуваат дека никој не ги разбира.

„Не мораш да зборуваш веднаш. Не мораш да објасниш сè. Дојди, само бидете таму,“ велат организаторите, нагласувајќи дека групната динамика ќе овозможи учесниците да се почувствуваат сигурно и поддржано.

Проектот „Простор за поддршка“ се реализира во соработка со стручниот тим на Психолошкиот Центар Алтернатива – Групација Алтернатива и поддржан од dm Македонија. Работилниците се целосно бесплатни и доверливи, со цел да се понуди безбедно и сигурно место за младите во Кочани кои се борат со своите емоции.

Контакт за пријава или дополнителни информации:
📞 078 313 306

Иницијативата има цел да обезбеди помош за оние што се најпогодени од трагедијата и да им помогне да го преминат ова тешко време.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни