Бесплатна обука за млади луѓе со страст за готвење

Од 26 до 30 јуни 2023 година „ФЈ Кулинарско училиште“ организира бесплатна обука за унапредување на кулинарските вештини за млади лица. На обуката може да учествуваат сите млади лица до 29 години кои имаат основни познавања од кулинарството и имаат желба да ги унапредат своите вештини.

По завршувањето на обуката сите учесници ќе добијат сертификат за успешно завршена обука од организаторот.

Програмата предвидува теоретски и практичен дел под менторство на експертите Филип Чаловски и Златко Таневски, а е дизајнирана со цел да се унапредат кулинарските вештини на учесниците со што полесно ќе се вработат или ќе напредуваат во кариерата.

Пријавувањето за обуката е во тек, а местата се ограничени. Аплицирајте веднаш и обезбедете место – пополнете ја пријавата за учество на обука. Крајниот рок за пријавување е 19 јуни 2023 година.

Обуката се организира со поддршка од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемништво и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.

Најново

Последни колумни