Бесент: Нема гаранција дека нема да дојде до рецесија во САД

Во интервју за NBC, Бесент рече дека американската берза минатата недела била затворена со значителен пад на вредноста на акциите поради се поголемата неизвесност која ја предизвикале честите промени на политиката на претседателот на САД Доналд Трамп, вклучувајќи ги заканите со тарифи кон најголемите трговски партнери на САД, пренесува Ројтерс.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави денес дека „нема гаранција дека нема да дојде до рецесија во Соединетите Амерички Држави“, но според неговите зборови, можеби ќе дојде до стабилизација на американската економија.

Во интервју за NBC, Бесент рече дека американската берза минатата недела била затворена со значителен пад на вредноста на акциите поради се поголемата неизвесност која ја предизвикале честите промени на политиката на претседателот на САД Доналд Трамп, вклучувајќи ги заканите со тарифи кон најголемите трговски партнери на САД, пренесува Ројтерс.


На прашањето на новинарите дали може да гарантира дека нема да има рецесија додека Трамп е на власт, Бесент одговори: „Нема гаранции. Кој можел да предвиди COVID?“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни