Германија и Франција денеска воведоа во сообраќај супербрз воз меѓу Берлин и Париз, кој ќе ја минува оваа делница за околу осум часа. Возот ќе сообраќа еднаш дневно, а оператор ќе биде германската железница „Дојче Бан“.
Новиот воз се пушта во употреба во време кога „Дојче Бан“ настојува да ја подобри својата доверливост и точност, откако минатиот месец само 60 отсто од возовите на долги релации пристигнале на време. До 2027 година, компанијата планира овој процент да го зголеми на 75 отсто.
Супербрзиот воз ќе застанува во Франкфурт, Карлсруе и Стразбур. Во моментов, постои и побавен воз кој ја поврзува истата релација и сообраќа трипати неделно.