„Београдски синдикат“ со поддршка за студентите: Сите заедно за слободна Србија

Популарната рап група од Србија, „Београдски синдикат“ објави сингл „Живот без страв“ со кој изразува поддршка на студентите кои во моментов ги организираат едни од најмасовните протести во Србија.

„Оваа песна е псоветена на сите наши млади дискретни херои, кои на своите факултети, училишта и улици станаа за да ја одбранат нашата чест. Ви благодариме на храброста и инспирацијата. Ние сме со вас со цело срце! Сите заедно за слободна Србија“ се вели во посветата на песната.

Во текстот на песната се повикува на подигнување на главите и борба за слобода, истакнувајќи дека само животот без страв е победа, додека слободата е борба која трае вечно.

„Београдски синдикат“ ги фали студентите дека не знаат за страв и не може да се купат, бидејќи не сакаат моќ или власт, туку имаат желба за слобода.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни