Блeсна магичната елка пред Рокфелер центарот во Њујорк

Педесет илјади разнобојни светилки ја осветлија елката пред Рокфелер центарот во Њујорк, момент што беше награден со аплауз и овации на оние кои присуствуваа на годишната њујоршка традиција.

Џиновската норвешка смрека, која оваа година потекнува од мал град во Масачусетс, е крунисана со ѕвезда Сваровски со 3 милиони кристали.

Дрвото високо 80 метри беше исечено минатиот месец во Западен Стокбриџ и со камион беше пренесено до Плаза Рокфелер. Церемонијата во средата вечерта ја означи кулминацијата на долгото патување на дрвото до Њујорк, кое започна во 2020 година, кога главниот градинар на центарот го забележал дрвото и ги прашал неговите сопственици дали ќе размислат за донација.

Познатата празнична атракција, која се наоѓа над лизгалиштето во Рокфелер Центар, ќе биде изложена до средината на јануари. На Божиќ дрвото ќе свети 24 часа.

По завршувањето на празничната сезона, дрвото ќе се користи како граѓа за Хабитат за човештвото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни