Белите линии на коловозот го направија францускиот град Бауне хит на социјалните мрежи

Еден мал град во западна Франција за момент се прослави на социјалните мрежи, бидејќи означи сообраќајна раскрсница со преклопени бели линии за да ги збуни возачите и да ги принуди да ја намалат брзината.

Во градот Бауне живеат само околу 1.700 луѓе, но секој ден се соочуваат со активен сообраќај, бидејќи се наоѓа на раскрсница на два департменти- Д74 и Д82.

Низ ова гратче дневно минуваат околу 2.300 возачи, а некои од нив возат со брзина од над 100 километри на час, без разлика што ограничувањето е само 30 километри на час.

Со цел да ги принудат возачите да ја намалат брзината, локалните власти излегоа со збунувачки ознаки на патиштата во форма на линии кои се преклопуваат. Интересно, но оваа стратегија се исплатела.

Фотографиите од бизарните знаци на фреквентната раскрсница Бауне станаа вирални на француските социјални мрежи.

Извор: klix.ba

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни