„Бели ноќи“ во МНТ на 15 јануари

Во Македонскиот народен театар (МНТ) на 15 јануари, среда, со почеток од 20 часот ќе се оддржи реприза на претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во режија и адаптација на Звездана Ангеловска.

Во претставата играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Сценограф е Мартин Манев, костимографка е Роза Трајческа-Ристовска, а композитор Марјан Неќак.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и онлајн преку веб-страницата.

Премиерата на „Бели ноќи“ се случи на 17 октомври во МНТ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни