Белградското драмско позориште со „Повеќе од игра“ гостува во Драмски

Претставата „Повеќе од игра“ на сцената на Драмскиот театар, е адаптација на текстот на култна српска серија

Београдско драмско позориште вечерва гостува на Фестивалот на регионални театри РУТА. Претставата „Повеќе од игра“ на сцената на Драмскиот театар, е адаптација на текстот на култната српска серија. Режисер е Иван Вуковиќ. Претставата ќе трае четири часа, со една пауза.

Режисерот Иван Вуковиќ на денешната прес конференција истакна дека „претставата е исклучителен драматуршки предизвик, имајќи го предвид и нејзиниот длабок траг во филмската и во популарната култура на нашиот простор. Беше нужно оригиналното сценарио внимателно да се преобликува во три засебни претстави кои можат да функционираат сосема независно, ама и да создаваат обмислена целина, кога се гледаат заедно. Во текот на адаптацијата, настојувавме да ја дочуваме поетиката на Стојановиќ. Има места кои нужно требаше да се допишат и ние како автори ги аплициравме сегментите од неговиот опус – на пример, во дефинирање на женските ликови или во третиот дел од претставата, втемелен врз недовршеното сценарио на Стојановиќ“.

Режисерот Вуковиќ истакна дека процесот на создавање на претставата бил исклучително возбудлив поради фактот што за прв пат експериментирал со режирање по сценарио од телевизиска серија и испириран од ентузијазмот на актерската игра на ансамблот што бил во иста линија на неговото режисерско видување, создале „претстава во три продолжетоци“.

„Повеќе од игра“ е особен драматуршки предизвик, имајќи го предвид и нејзиниот длабок траг во филмската и во популарната култура на нашиот простор. Беше нужно оригиналното сценарио внимателно да се преобликува во три посебни претстави кои можат да функционираат сосема независно, ама и да создаваат обмислена целина, кога се гледаат заедно. Во текот на адаптацијата, авторите настојуваа да ја дочуваат поетиката на Стојановиќ; на местата кои нужно требаше да се допишат, авторите ги аплицираа сегментите од неговиот опус – на пример, во дефинирање на женските ликови или во третиот дел од претставата, втемелен врз недовршеното сценарио на Стојановиќ.

Слободан Стојановиќ ја поседува авторската дарба за/на креирање на нагласено живописни целосни ликови. Секој негов јунак, дури и оној/оние кои лесно би ги именувале како здодевни чиновници или сурови полицајци, ја добива човечката димензија и станува близок и разбирлив. Тоа е неговата голема сила; Градината ни ја покажува како жива заедница, место во кое – наспроти сите разлики и судири – сограѓаните остануваат меѓусебно поврзани и емпатични. Авторовата поетика, атипична за овие простори, исчистена е од цинизмот и од иронијата, додека хуморот произлегува од жителскиот апсурд кој не ги исклучува жителските убавини.

Улогите ги толкуваат: Миодраг Радоњиќ, Јана Бјелица, Милан Чучиловиќ, Милорад Дамјановиќ, Андреј Шепетковски, Милан Колак, Љубомир Булајиќ, Даниел Сич, Иван Зариќ, Стефан Радоњиќ, Александар Алач, Риста Милутиновиќ, Арсеније Арсиќ, Александар Јовановиќ и др.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни