Белградска филхармонија: „Први чекори и прв бакнеж“ – концерт за бебиња

Белградската филхармонија на својот официјален Инстаграм профил сподели видео од, како што го нарекоа, првиот концерт за бебиња во оваа сезона под слоганот „Први чекори и прв бакнеж“.

Од Филхармонија потенцираат дека ова е само вовед во низата концерти кои претстојат во првиот месец од новата година.

„Оваа недела во Филхармонија помина со многу смеа, мајтап и дружење со нашата омилена публика, се во ритамот на валцерот под водство на младиот диригент Сantus Firmus. Нема да мора долго да чекаме до следното дружење, бидејќи следниот циклус на концерти за бебиња е веќе во јануари (9-12) – билетите се пуштени во продажба од 25 декември“, стои во објавата на социјалната мрежа.

Најново

Последни колумни