Екипите на зимската служба на Јавното комунално претпријатие „Белград-пат“ од утрово се во трета фаза на подготвеност поради обилните снежни врнежи. Тоа значи дека 68 возила, 15 патари и 20 работници се распоредени низ базите за итна интервенција.
Дежурниот инженер на „Белград-пат“, Гордан Тодоровиќ, изјави дека уште 15 возила, 12 патари и 20 работници се распоредени и за претпријатието „Патишта на Србија“, кое е во втора фаза на подготвеност.
„Подготвени сме со механизација, агрегати и сол во сите бази. Во последните денови дополнуваме ресурси, така што снегот не нѐ изненадува“, додаде Тодоровиќ.
Првиот приоритет се улиците каде се движи јавниот превоз, додека „Патеви“ се обврзани по 48 часа од снежните врнежи да ги доведат во нормала улиците од вториот и третиот приоритет.
