Демонстрантите побараа оставка од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, поради, како што рекоа демонстрантите, „тајни договори“ поврзани со реконструкцијата на железничката станица. Тие побараа и апсење на сите одговорни за смртта на 14 лица и ослободување на приведените од протестите во Нови Сад.
Организаторите најавија дека доколку не се исполнат барањата во рок од седум дена, ќе продолжат да се борат на улица и ќе бараат седница на српското Собрание за импичмент на Владата како единствена точка на дневен ред.
Насобраните носат знамиња на Европската унија и Србија, како и транспаренти на кои пишува „Нема среќа без слобода, нема слобода без правда“, „Оставка од сите“.