Белград утрово се соочува со сериозни проблеми во сообраќајот поради мраз на коловозите. Иако сите возила на градскиот јавен превоз тргнале навреме и по редовен возен ред, дел од автобусите сообраќаат по изменети траси поради опасни, заледени улици, соопшти ГСП Белград.
Предупредување за возачите низ цела Србија
Авто-мото сојузот на Србија (AMSS) предупредува на отежнати услови за возење поради слаб снег и ниски температури, особено во планинските предели и на северот и истокот на земјата
Во утринските и вечерните часови можна е локална појава на поледица, особено во клисури и котлини, долж речни текови и на мостови и патни објекти
Состојба на патиштата
Снег во кашеста состојба (до 5 см) е забележан на патишта од прв приоритет во регионите на:
Чачак, Ивањица, Нови Пазар, Пожаревац, Ужице, Врање и Зајечар. На наплатните рампи и граничните премини засега нема подолги задржувања.
