Новиот закон исто така воспоставува и правила за работното време, платите и безбедноста. Сексуалните работници ќе може да одбијат клиент и да ја прекинат работата во било кој момент.
За работодавците, законот предвидува потреба за овластување, да се придржуваат до строгите безбедноси протоколи и да ги исполнуваат основните барања – односно да немаат претходна пресуда за сексуален напад или трговија со луѓе. Тие мора да обезбедат чиста постелнина, кондоми и средства за хигиена и да инсталираат копчиња за итни случаи во работните простории.
Независната сексуална работа останува дозволена, но нерегулираниот ангажман на трети лица или прекршувањето на законската рамка ќе бидат кривично гонети.
Сексуалната работа е декриминализирана во Белгија од 2022 година. Таа е легализирана во Германија и Холандија, но тие сепак немаат спроведено сеопфатна заштита на трудот, како Белгија.