Белгиско радио ќе има водителка со глас генериран од ВИ

Технологијата веќе започнува да ги загрозува работните места на сите. Радио во Белгија од следната недела ќе има водителка со глас генериран од вештачката интелигенција.

 Белгиското радио „Носталија“ објави дека од следната недела ќе имаат водителка со глас генериран од вештачка интелигенција.

Компанијата Ен група, вели дека ова е прв проект од ваков вид во Европа. Водителката „Mamie l’IA’ (ВИ баба) редовно ќе учествува во попладневната програма од 16 до 20 часот.

„Снимавме гласови на две баби и ги помешавме со гласовите од базата на податоци. Покрај тоа, имаме и содржина од ChatGPT“ вели Жулијен Струбои, еден од водителите.

„Во тек се технолошки револуции. Носталгија одлучи да ги прифати овие промени и да ги интегрира во својата програма“ вели менаџерот на радиото Жан-Франсоа Потје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни