Белгиските научници развија мРНА вакцина која може да го зајакне имунолошкиот систем во случај на инфекција со ХИВ. Целта на вакцината е да помогне во контрола на ХИВ вирусот.
Вакцината користи липидни наночестички кои „содржат дополнителен стимулативен сигнал за имунолошкиот систем, што ја зголемува ефикасноста на вакцината“, изјавил еден од истражувачите.
Иако вакцината е тестирана само на лабораториски глувци, ако нејзината ефикасност се потврди во клинички испитувања на луѓе, може да донесе значајна помош и надеж за лицата кои живеат со ХИВ. Според истражувачите, вакцината може значително да го намали зависноста од секојдневните лекови, што ќе претставува голема предност за лицата кои се борат со ХИВ.