Министерот за одбрана Тео Франкен потврди дека инцидентите биле пријавени и дека вториот лет не бил случаен.
„Во саботата тоа не беше обичен прелет, туку јасна мисија насочена кон базата Клајне-Брогел,“ напиша Франкен на социјалната мрежа Икс (X), додавајќи дека биле забележани три големи дрона кои летале на иста висина.
Полицијата испратила хеликоптер и возила за да ги следи леталата, но контактот бил изгубен.
„Летањето со дронови над воени зони е строго забрането. Министерството мора да преземе сите можни мерки за да ги собори овие дронови,“ изјави министерот.
Слични случаи беа забележани и во октомври, кога дронови летаа над белгискиот воен камп Елзенборн, во близина на германската граница.
Европската унија најави дека до 2027 година ќе воспостави заштитен систем — т.н. „ѕид против дронови“, поради растечкиот број мистериозни нарушувања на европскиот воздушен простор.
Во септември, НАТО предупреди на сериозни безбедносни пропусти по упадот на 20 руски дронови во воздушниот простор на Полска, од кои три беа соборени.
Извор: N1info.rs