Белгија најавува жесток одговор ако САД воведат 100% царина на европски лекови

Според официјалните статистички податоци, фармацевтската индустрија во Белгија сочинува 20 отсто од индустриското производство, а минатата година извезе лекови во вредност од 79 милијарди евра

Европската Унија мора повторно да преговара и да покаже решителност доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе 100-процентни давачки за увоз на европски фармацевтски производи, истакна белгискиот министер за економија, Давид Кларенвал.

Тој спомена дека ЕУ има постигнато спогодба за царина од 15 проценти и потенцираше дека таа спогодба мора да биде запазена. “Ако мерките на Трамп ја погодат и ЕУ, мора да реагираме.”

“Не смее да се доведе во прашање договорот во толку стратешки сектор како што е фармацијата,” рече Кларенвал.

Министерот апелираше за имплементација на механизми за комерцијална заштита со цел да се бранат европските компании, обвинувајќи ги САД за уцени и нечесен пристап. “Мора да останеме отворени, но без наивност,” додаде тој. Минатата седмица Трамп објави за нови давачки, вклучувајќи ги и оние за увоз на лекови, зголемувајќи ги двојно стапките за фармацевтските производи.

Според официјалните статистички податоци, фармацевтската индустрија во Белгија сочинува 20 отсто од индустриското производство, а минатата година извезе лекови во вредност од 79 милијарди евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни