Белгијците ги избегнуваат производите од САД, Русија и Кина – се враќа довербата во домашното

Новото истражување на агенцијата Kantar покажува дека сѐ повеќе Белгијци ги избегнуваат производите од САД, Русија и Кина, под влијание на актуелните економски и политички состојби.

Дури 61% од Белгијците велат дека потеклото на производите им е важно, а осум од десет изјавиле дека сè почесто купуваат домашни производи.

Меѓу 33% и 45% од испитаниците активно избегнуваат производи од наведените земји, при што возрасните над 55 години најчесто ги избегнуваат руските и кинеските производи. Помладите генерации покажуваат помала тенденција за бојкот.

Повеќе од една третина од Белгијците кои избегнуваат американски производи велат дека тоа им е лесно, а речиси три четвртини се убедени дека можат да живеат без нив.

Како причини за бојкотот на американски производи се наведуваат:

  • трговските царини,
  • повлекувањето на САД од еколошки прашања,
  • недовербата во еколошките стандарди кај одредени американски брендови.

Иако технолошките компании како Google и Microsoft остануваат тешко заменливи, Tesla веќе бележи голем пад во продажбата, а брендови како Burger King, Starbucks и McDonald’s ја губат својата популарност.

Истражувањето е спроведено во април на примерок од 1.000 возрасни Белгијци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни