Погон на компанијата Фолксваген за производство на автомобили марки Ауди во Брисел ќе престане да работи до 28 февруари следната година, соопштил портпаролот на Ауди, Петер Д’Хур, додавајќи дека немало друга алтернатива.
„Одлуката за затворање на фабриката во Брисел е болна. За мене лично, тоа беше најтешката одлука што сум ја донел во професионалната кариера“, рекол членот на управниот одбор на Ауди и директорот за производство, Герт Вокер, пренесува Ројтерс.
Затворањето на фабриката стана реалност откако во ноември портпаролот на компанијата изјавил дека не успеале да најдат купец за бриселскиот погон, кој се борел со тешкотии.