Буџетскиот тим на американскиот претседател Доналд Трамп искористи пари од три различни сметки за да обезбеди исплата на американските војници која треба да се изврши утре, објавија американските медиуми.
Ова доаѓа по 28-дневното затворање на американската федерална влада.
Претходно неделава не беше јасно дали Канцеларијата за управување и буџет (OMB) на Белата куќа ќе може да најде до утре околу 5,3 милијарди долари за плати на војската, но двајца неименувани претставници на Белата куќа потврдија за Аксиос дека парите се пронајдени во последен момент.
Доколку воениот персонал редовно добива плата, Трамп нема намера да се откаже од блокадата на американската федерална Влада.
Демократите и експертите за либерална политика го обвинија американскиот претседател за нелегално узурпирање на конгресните овластувања за да присвои пари што нема право да ги користи, но Трамп и неговите сојузници во Конгресот веруваат дека противниците нема да ги тужат за спроведување на заобиколни мерки за исплата на воениот персонал, бидејќи тоа би било премногу непопуларно.