Белата куќа предложи буџетот на НАСА за 2027 година да се намали за 5,6 милијарди долари, во момент кога агенцијата реализира едни од своите најамбициозни мисии во последните децении.
Според предлогот, најголемиот удар ќе го претрпи научниот сектор на НАСА, чиј буџет би бил намален за 3,4 милијарди долари, што претставува кратење од околу 23 проценти.
Овој потег доаѓа во време кога НАСА активно ја спроведува мисијата Artemis II – првата мисија со човечки екипаж кон Месечината по ерата на програмата Аполо програма.
Четворицата астронаути – Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен – по почетното орбитирање околу Земјата, веќе се на пат кон Месечината со вселенското летало Orion.
Иако мисијата не предвидува слетување, таа претставува клучен тест за идните мисии. Се очекува леталото да достигне оддалеченост поголема од 400.000 километри од Земјата, со што ќе ги надмине рекордите поставени за време на мисиите од програмата Аполо.
Програмата Artemis има за цел враќање на човекот на Месечината до крајот на деценијата и поставување основа за идни мисии кон Марс. Воедно, таа се одвива во услови на нова вселенска трка, со оглед на тоа што Кина планира слични мисии на почетокот на 2030-тите години.