Виното „Бела Вода“ црвено од бербата 2021, купажа од сортите вранец и плавец, ја освои наградата National Trophy за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград.
На натпреварот, повеќе од илјада вина од Србија, Албанија и Македонија беа оценувани од меѓународно признати вински судии, вклучувајќи седум Masters of Wine, под претседателство на Каролин Гилби MW, експерт за балкански вина и вина од Југоисточна Европа.
На саемот Wine Vision by Open Balkan имаше 650 изложувачи од 38 земји, а настанот се одржува под покровителство на владите на Србија, Македонија и на Албанија.
Признанието е само продолжение на долгогодишниот успех на ова исклучително вино, кое во минатото доби високи 95 бодови од реномираниот вински критичар Роберт Паркер. Со своето производство од лозја стари преку 50 години, „Бела Вода“ е синоним за квалитет и традиција.