Бела Хадид не се плаши да експериментира, како во модата, така и за нејзината фризура 

28-годишната Бела Хадид, во изминативе сезони неколку пати го промени својот изглед. Најновото издание го покажа на забавата на луксузниот швајцарски бренд Chopard во Дубаи. Бела на настанот се појави со таканаречените wispy шишки, кои својата популарност ја доживеаа во 2000-тите, а изгледа сега се повторно во мода. Карактеристично за „воздушестите“ шишки е тоа што малку паѓаат преку лицето, додека челото буквално „никнува“, па оттука и името. 

Всушност, преведено од англиски, wispy значи воздушест, тенок, а токму тоа најдобро го опишува новиот изглед на моделот. 

Шишките како завеси, исто така се голем хит оваа сезона. Тие на страните се малку подолги,  додека многу се пократки на средината на челото. Нивната моќ е што визуелно го омекнуваат лицето, а фризерите тврдат дека таквите шишки одговараат на речиси секоја текстура на коса, без разлика дали е права или виткана. 

Откако е на сцената, Бела често ги менуваше фризурите, но и бојата на косата. Од препознатливиот долг црн, драстично кафеав боб со кој ги изненади сите до освежителните прамени во боја на мед, манекенката пробала речиси се, поради што, јавноста со големо нетрпение ја чека нејзината следна трансформација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни