Бел полукруг на ноктите: Кај некои луѓе постои, а кај други не

Белата структура во облик на полумесечина, е основниот дел на ноктот. Се нарекува лунула што на латински значи „мала месечина“. Тоа е исклучително чувствителен дел на ноктот, а неговата улога и тоа како е сериозна и важна.

Најдобро се гледа на палецот, иако белата боја всушност е само провидна. Лунулата всушност е видливиот дел од коренот на ноктот. Не смее да биде оштетена, бидејќи нејзиното оштетуање предизвикува деформација на целиот нокт. Се смета дека лунулата крие одредени информации за вашето здравје. Така на пример, традиционалната кинеска медицина смета дека недостатокот на лунула укажува на анемија и неухранетост, додека бледата или сина лунула укажува на можност за дијабет, а ако во било кој случај биле забележани црвекасти дамки на лунулата, возможно е да имате кардиоваскуларни проблеми.

Спор метаболизам или тело полно со токсини се манифестира така што лунулата ќе биде мала или едвај видлива, таа особа има проблеми со варењето.

Здрав човек мора да има седум до осум лунули на ноктите. Ако имате лунули само на палците, значи дека имате сериозен проблем со бубрезите.

Лунулата треба да изнесува една петина од ноктот, да има остри и чисти рабови. Ако сте болни тогаш бојата на лунулата ќе се промени или таа ќе се намали.

Извор: kurir.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни