Бејрут во пламен по израелските воздушни напади

Сирени за воздушна опасност утринава се огласија во Израел по нови напади од Иран и Хезболах, а израелската војска возврати со удари врз јужните предградија на либанската престолнина.

Драматични снимки од Бејрут покажуваат згради зафатени од оган и автомобили затрупани под урнатини, откако Израел започна воздушни напади врз јужните делови на градот, кои се под контрола на Хезболах.

Претходно утринава, сирени за воздушна опасност се активираа во Хаифа и во северен Израел, по ракетни и напади со дронови лансирани од Либан. Според израелските власти, нападите биле извршени од страна на Хезболах во знак на поддршка за Иран.

Израел соопшти дека ги таргетира локациите поврзани со Хезболах, шиитската вооружена група која се смета за еден од клучните сојузници на Иран во регионот. Хезболах претходно презеде одговорност за лансирање ракети и беспилотни летала кон Израел, наведувајќи ја смртта на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи како причина за нападите.

Размената на удари се одвива во контекст на поширока ескалација меѓу Иран и Израел, со активирање на сирени и во други делови од регионот, вклучително и Кувајт.

Продолжувањето на воздушните напади и ракетните размини го зголемува ризикот од натамошна регионална ескалација, додека засега нема индикации за итно смирување на ситуацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни