Латино суперѕвездата Бед Бани ја разбранува Америка на Супербоул

Бед Бани го предводеше халфтајм шоуто на Супербоул LX со пораки за Порторико и културна разноликост, што го извади Доналд Трамп од контрола и предизвика бурни реакции во САД.

Бед Бани, 31-годишниот Порториканец и глобална музичка ѕвезда, го водеше халфтајм шоуто на Супербоул LX, настапувајќи речиси целосно на шпански и со сценографија полна со симболи од Порторико. Настапот заврши со пораката „омразата не е посилна од љубовта“, што предизвика контроверзија и реакции од политичката сцена.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го оцени настапот како „апсолутно ужасен“ и „шлаканица за нашата земја“, по што се распалија дебати за културната и политичката порака на шоуто.

Бед Бани (Бенито Антонио Мартинез Окасио) е првиот латино соло артист што го води халфтајм шоуто и е познат по тоа што ја промовира латино-урбаната музика без да ја „преведува“ за американскиот пазар. Неговите настапи честопати носат и политички пораки – од поддршка на граѓанската мобилизација во Порторико до критика на инфраструктурните и социјални проблеми на островот.

По Греми наградите и историскиот успех со албумот „Debí Tirar Más Fotos“, Бед Бани користи својата платформа да ја истакне културната разновидност и да предизвика дискусија за идентитетите во Америка. Неговиот настап на Супербоул, според медиумите, не е само музички настан, туку и порака дека Америка е повеќе од англиски јазик и една културна матрица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни