Бебе носорог во зоолошката градина во Орегон за прв пат излезе на сонце во заграден простор на отворено.
Двомесечното младенче од источниот црн носорог за прв пат излегло во придружба на својата мајка Јози, соопштија од зоолошката градина.
Сè уште нема име
Зоолошката градина соопшти дека персоналот сè уште не одлучил за неговото име, па затоа прифаќаат предлози од јавноста. Источните црни носорози се загрозен вид, а раѓањето на младенчето е поздравено како клучен чекор во зачувувањето на домородните видови на Африка.
Извор: index.hr