BBC: Пресвртница во тензиите на границата на НАТО – Полска собори руски дронови

Полската армија утрово соопшти дека соборила дронови кои го нарушиле воздушниот простор на земјата за време на руски напад врз соседна Украина.
Фото: Хелсинг

„Оружјето е распоредено, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти,“ информираше Оперативната команда на вооружените сили, повикувајќи ги граѓаните да останат во своите домови.

Полска е членка на НАТО – трансатлантскиот одбранбен сојуз кој функционира според принципот дека напад врз една членка претставува напад врз сите.

Според анализата на BBC, овој инцидент може да биде пресвртна точка во зголемените тензии на источната граница на Алијансата. Доколку се потврди дека станува збор за руски беспилотни летала, тоа би бил првпат од почетокот на војната во Украина во 2022 година една членка на НАТО директно да дејствува против руски летала над сопствената територија.

Иако и претходно полските борбени авиони реагираа на закани, досегашните случаи главно се однесуваа на дронови кои го користеле полскиот воздушен простор како транзитна зона кон цели во Украина.

Официјална Москва засега не се има огласено. Рускиот претседател Владимир Путин повеќепати изјави дека нема намера да започне војна против земјите од НАТО, но западните аналитичари предупредуваат дека ваквите изјави не секогаш одговараат на реалната состојба на теренот.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни